Top Sport

Арсенал го положи оружјето во Њукасл (Видео)

Фудбалерите на Њукасл го совладаа Арсенал со 2:1 (1:1) во првиот натпревар од неделната програма во 34.коло, во Премиер лигата.

Њукасл против фаворизираниот противник ја потврди добрата форма, иако Арсенал преку Лаказет го отвори резултатот по 14 минути игра.

Водството на Арсенал траеше 15 минути, кога Ајосе Перез во 29,минута успеа да израмни на 1:1.

Конечниот резултат го постави Ричи во 68.минута Ричи ја искористи лошата реакција на Мустафи и одличната асистенција на стрелецот на првиот гол за Њукасл, Перез.

Њукасл по триумфот над Арсенал има 41 бод и се наоѓа на 10.место на табелата, додека Арсенал остана на шестото место со 54 бода.

Scroll to Top