Top Sport

Ковач ќе стане еден од најплатените тренери во Европа

Хрватскиот тренер Нико Ковач по завршувањето на сезоната ќе го замени Јуп Хајнкенс на кормилот на најтрофејниот германски клуб. Баерн, минатата недела, објави дека поранешниот играч на клубот, ќе биде новиот тренер. Ковач зад себе има исклучително успешни две сезони со екипата на Ајтрахт од Франкфурт.

Спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ, потврди дека Ковач ќе потпише тригодишен договор, според кој ќе стане еден од најплатените тренери во Европа.

Ковач ќе заработува помеѓу пет и шест милиони евра годишно, што е многу повеќе од 1,5 милиони евра колку што е неговата плата во Ајнтрахт.

Најплатен тренер во Европа е Пеп Гвардиола со 20 милиони евра годишна плата, а потоа следуваат Жозе Мурињо (14), Арсен Венгер (10,5), Јирген Клоп (8,3)…

Интересно човекот кој со Реал ја освои Ла Лига и два пати триумфираше во Лигата на шампионите, Зинедин Зидан има годишна плата од пет милиони евра.

Scroll to Top