Top Sport

Арсенал го постави Евертон во зоната за испаѓање

Арсенал стигнаа до својата прва победа на гости во Премиер лигата оваа сезона, откако со 5:2 го совладаа Евертон на „Гудисон парк“, за да го постават тимот од Ливерпул во зоната за испаѓање, и да го зголемат притисокот над тренерот Роналд Куман.

Начо Монреал, Месут Озил, Александер Лаказет и Арон Ремзи постигнаа голови за „топчиите“ откако Вејн Руни го постигна првиот гол за домаќините. Умар Нисе врати еден гол разлика во судиското надолнување, пред Алексис Санчез да го додаде петтиот гол за Арсенал.

Идриса Гуеје доби втор жолт картон додека Евертон губеше со 2:1, за уште една лоша претстава на „карамелите“. Евертон има една победа во пет натпревари, зголемувајќи ги шпекулациите дека Дејвид Мојс може да дојде како замена за Куман, додека од другата страна Арсенал скокна на петтото место на табелата.

Scroll to Top