Арсенал, конечно, потврдија дека го добиле потписот на бразилскиот ветеран на Челси, Вилијан со фантастичен договор на три години со неделна плата од 220.000 фунти, а менаџерот Микел Артета вели дека се работи за фудбалер кој може да биде клучен за „топчиите“.
Пристигнувањето на 32-годишниот Бразилец беше потврдено од Арсенал, кои му го доделуваат дресот со бројот 12 на фудбалерот чиј договор со Челси заврши ова лето. Иако неговата плата е помала од таа што ја заработуваше кај „сините“, сумата налути дел од навивачите на Арсенал посебно бидејќи клубот претходно објави дека отпушта 55 луѓе од тимот поради корона кризата.
Вилијан помина седум години на „Стемфорд бриџ“ и Артета е воодушевен што го доби ова лето.
„Го следевме последните неколку месеци и сметавме дека тој е човек кој може да ни го засили средниот ред, фудбалер со голема еластичност кој може да игра три-четири различни позиции. Има огромно искуство и огромна амбиција“, вели Артета.
? New club. New colours. New beginnings.
? Welcome to The Arsenal, @WillianBorges88! ? pic.twitter.com/B7Tl01BXLe
— Arsenal (@Arsenal) August 14, 2020