Колумбискиот голман Давид Оспина го комплетираше постојаниот трансфер во Наполи, оставајќи го само Емилијано Мартинез како замена за Бернд Лено во Арсенал.
„Топчиите“ го пратија 30-годишниот Оспина на позајмица на „Сан Паоло“ на стартот на сезоната 2018/19 откако за него немаше место во првиот тим со Петр Чех и Лено како прв избор. Откако имаше 24 настапи за Наполи, а ја претставуваше и Колумбија на Копа Америка, тој останува во Италија со трансфер вреден од 3.5 милиони евра.
„Давид дојде кај нас од Ница во 2014 по шест сезони во Лига 1 и имаше 70 настапи. Тој беше дел од тимот кој ја освои ФА куп титулата во 2017 и ФА купот титулата во 2015. Тој се приклучува на Наполи по една година позајмица во Италија. Му посакуваме најдобро во иднината“, се вели во објавата на Наполи.
Good luck, @D_Ospina1
— Arsenal FC (@Arsenal) July 4, 2019