Арсенал сака да го продаде крилниот напаѓач Николас Пепе (26), кого го донесе од Лил пред три години за рекордни 80 милиони евра. Пепе не е во стартниот тим на Арсенал во Премиер лигата повеќе од шест месеци и не е во долгорочните планови на тренерот Микел Артета. Поради тоа е фрустриран, а неговиот договор со Арсенал е обврзувачки за уште две години, објавија британските медиуми.
“Мојата цел е да играм повеќе. Сакам да добијам повеќе минути на теренот. Фудбалер кој игра е среќен и би сакал повторно да се радувам. Разочарувачки е кога пред секој натпревар дознавам дека ќе бидам резерва. Ме фрустрира тоа што седам на клупата за резерви. Од мене е да го докажам своето место на теренот “, изјави Пепе за „Скај спорт“ кон крајот на 2020 година.
Оттогаш помина цела 2021 година и третина од 2022 година, а Пепе се уште не се изборил за место во првиот тим. Арсенал е подготвен да ги слушне понудите за Пепе кој годишно заработува 8.300.000 евра.
Според „Трансфермаркт“, неговата моментална вредност е 30 милиони евра.