Top Sport

Арсенал го сакаат Ајван Тоуни во јануари

Арсенал се подготвуваат за нов „напад“ на премиерлигашките ривали во јануарскиот преоден рок со обид да го добијат напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тоуни во јануари.

27-годишниот Тоуни е на половина од својата осуммесечна суспензија поради прекршување на правилата за обложување, и ќе биде достапен на почетоот на 2024 година, откако лани ја имаше својата најдобра сезона со 20 гола во 33 настапи за Брентфорд. Тоуни пристигна во Брентфорд од третолигашот Питерборо јунајтед летото 2020 година, и оттогаш има 68 гола во 124 настапи за клубот.

Според „Мирор“, Микел Артета смета дека му е потребно засилување во нападот и би сакал да го види Тоуни во тимот веќе во јануари, но Брентфорд бараат барем 60 милиони фунти. Артета воо моментов игра со Габриел Жесус и Еди Нкетија како први избори на позицијата напаѓач.

Scroll to Top