Top Sport

Нов проблем за Тухел – опоравувањето на Ноер не оди најдобро

Баерн Минхен имаат „летечки“ старт на сезнат со четири победи во првите пет бундеслигашки мечеви и со 4:3 триумф над Манчестер јунајтед, мечеви во кој на голот солидна работ заврши Свен Улрајх, кој изгледа ќе остане на таа позиција подолго откако Мануел Ноер уште не е подготвен за камбек.

37-годишниот Ноер се опоравува со скршеницата на ногата добиена на скијање во декември по елиминацијата на Германија од Светското првенство, но се очекуваше да направи камбек овој месец. Ноер минатата недела почнал со индивидуални тренинзи, но Тухел открива дека уште не е подготвен за тренинзи со првиот тим.

„Неговата повреда, всушност, не е повреда, туку само болки. И тоа не секогаш. Тоа нема никаква врска со мускулите, но тој уште не е подготвен“, вели Тухел.

Scroll to Top