Арсенал оствари триумф во лондонското дерби против Челси на „Стемфорд бриџ“ и се врати во трката за пласман во ЛШ. Избраниците на Микел Артета славеа со 2-4 против составот на Томас Тухел.
Младиот Едвард Нкетија беше двоен стрелец за „топчиите“, а погоди и Емил Смит Роу. Конечниот епилог го постави Бакајо Сака од пенал во финишот од дуелот.
Челси се држеше во првиот дел и успеа да се врати во игра со головите на Тимо Вернер и на Цезар Аспиликуета.
Евертон и Лестер ремизираа 1-1. Ришарлисон донесе бод за Евертон, откако гостите поведоа со голот на Харви Барнс.
Њукасл минимално победи против Кристал Палас со 1-0, со погодокот на Мигел Алмирон.