Лидерот на табелата во Премиерлигата, тимот на Арсенал, сака да го засили тимот за вториот дел од сезоната кога ќе се решава трката за титулата. „Топчиите“ би можел да го доведат напаѓачот на Барселона, Бразилецот Рафиња.
Како што тврди „Ел Чирингито“, Барселона не би имала против да го продаде Бразилецот за да си ја подобри финансиската состојба. Тој не импресионираше по доаѓањето на „Камп Ноу“, па Чави не би имал против и да биде продаден.
Претходно, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, јавно побара од раководството да доведе нови играчи.
Рафиња оваа сезона постигна три гола и забележа пет асистенции во дресот на Барселона.