Top Sport

Арсенал и Брентфорд постигнаа договор за Раја

Арсенал постигна договор со Брентфорд околу трансферот на голманот Давид Раја.

Согласно договорот, шпанскиот голман ќе се пресели на „Емирати“ и ќе биде ново засилување на вицешампионатот на Англија.

Арсенал за неговиот трансфер ќе плати 35 милиони евра, а играчот треба да пристигне на лекарски прегледи во наредните денови.

Раја ќе потпише петгодишен договор и ќе му биде конкуренција на Арон Рамсдејл.

Брентфорд ќе профитира од овој трамсфер, бидејќи пред четири години на Блекбурн му платија само три милиони евра за доаѓањето на Раја.

Минатата сезона Раја ја сочуваше мрежата на 12 натпревари во Премиер лигата за Брентфорд.

Scroll to Top