Top Sport

Арсенал им го „крадат“ Кутињо на Астон вила

Aрсенал се обидуваат во летниот преоден рок да им ги „расипат“ плановите на ривалите од Премиерлигата, Астон вила, и да го донесат Филипе Кутињо на постојан трансфер, тврди каталонскиот вбесник „Спорт“.

29-годишниот Бразилец се врати во англискиот фудбал прифаќајќи ја понудата на поранешниот соиграч, Стивен Џерард да пристигне на „Вила парк“ како позајмен фудбалер, постигнувајќи 4 гола и 3 асистенции.

Се верува дека Вила имаат опција да го купат Кутињо за 40 милиони евра во текот на летниот преоден рок, но најголемиот проблем претставува неговата плата. Вила му плаќа околу 125.000 фунти неделно на Кутињо, но тоа е минијатурна сума во однос на 480.000 фунти кои ги добива од Барселона, каде што пристигна во 2018 од Ливерпул.

Scroll to Top