Top Sport

НБА е НБА, Балкан е Балкан – Дончиќ на рингтон ја има Дара Бубамара

Далас маверикс стигна до 95:92 победа над Бостон, предводени од Лука Дончиќ со 26 поени, 8 скока и 8 асистенции, а прес-конференцијата на словенечката ѕвезда беше накратко прекината откако му ѕвонеше мобилниот телефон, со како што забележија луѓето од овие простори, песната „Добро јутро никоме“ на српската пејачка Дара Бубамара.

Ова не е првпат Дончиќ, чиј татко е по потекло од Србија, а мајка му е Словенка, да се пофали со знаењето на фолк сцената на Балканот, посебно во друштво на соиграчот Бобан Марјановиќ.

Scroll to Top