Top Sport

„Газета“ удри по Јувентус: Се бранат како мал тим!

„Ла газета дело спорт“, славниот италијански спортски весник, влезе во остра критика на Масимилијано Алегри, оценувајќи дека Јувентус се „бранат како мал тим“ по 1:1 ремито со Фиорентина во саботата.

Фиорентина имаа зачудувачки 60 отсто од поседот на топката на „Артемио Франки“, а Јувентус немаше ниту еден удар на голот во второто полувреме во уште еден разочарувачки меч на „бјанконерите“. „Газета“ му даде само 5/10 оценка на Алегри.

„Јувентус седеа длабоко во мечот како мал тим. Дали е тоа бидејќи не знаат како да напаѓаат или е поради барањето на Алегри? Тоа би било интересно да се знае. Многу сомнежи и конфузија. Алегри го заврши мечот со пет одбранбени играчи“, вели новинарот Фабио Ликари.

И во „Кориере дело спорт“ беа критично настроени давајќи му оценка 5.5/10: „Јувентус на Алегри уште не постои“.

Scroll to Top