Деклан Рајс, одличниот дефанзивен играч за врска и капитен на Вест Хем, како и незаменлив репрезентативец на Англија, ќе го собори Џек Грилиш и ќе стане најскапиот играч во историјата на Премиерлигата и најскап англиски фудбалер досега. Ова откако Арсенал околу полноќ понуди 105 милиони фунти за него, што е околу 125 милиони евра.
Со тоа тој веќе ги собори двата споменати рекорди. Понатаму, Манчестер Сити, кој со денови наддаваше за Рајс со Арсенал, денеска ќе ја подобри својата понуда и со тоа ќе го зголеми рекордот.
Вест Хем му вети на Деклан Рајс дека ќе го продаде летово, како награда за водењето на тимот до трофејот во Конференциската лига и уште повеќе затоа што договорот му завршува следното лето, па тогаш ќе биде слободен агент.
Рајс дојде во Вест Хем како момче од Челси и сега го напушта клубот во кој помина десет години и одигра 245 натпревари. Прашање е само кој од двата споменати клуба ќе ги урне рекордите поради него.