Top Sport

Арсенал ја брани „казната“ за Озил по коментарите за Ујгурите

Извршниот директор на Арсенал, Винаи Венкатешам ја бранеше реакцијата на клубот за коментарите на Месут Озил за третманот на Ујгурите во Кина, според многумина главната причина за неговото „замрзнување“ во тимот и потоа раскинување на договорот во јануари, за тој да се пресели во Фенербахче.

Озил на социјалните мрежи во декември 2019 зборуваше за религиозната и етничката дискриминација на муслиманите во кинеската провинција Ксинјанг, „топчиите“ инсистираа дека нема да влегуваат во политички игри, посебно бидејќи имаат повеќе бизнис соработки со кинески компании.

„Не е фер да се каже дека имавме комерцијален поглед на работите. Знам дека така се зборуваше во медиумите, но не е фер тоа обвинување. Од нас побараа коментар околу ситуацијата, односно за Кина, и нашата позиција беше дека фудбалерот направи индивидуална изјава. Месут не даде изјава за клубот, туку самиот и тоа е негово право“, вели Венкатешам.

Последниот настап на Озил за „топчиите“ беше мечот против Вест хем во март 2020 година, по што беше „замрзнат“ од тимот и целосно исклучен од него за сезоната 2020/21.

Scroll to Top