Премиер лигата ќе одбележи еден значаен момент во сабота, откако мечот помеѓу Арсенал и Манчестер јунајтед ќе биде првиот „меч од милијарда фунти“ според финансиските аналитичари „Визибл“.
Твредењето се базира на комбинираниот приход на двата ривали – Арсенал имаше приход од 424 милиони фунти во 2016/17, додека Јунајтед заработија рекордни 581 милиони фунти, со што комбинираниот прилив на средства е 1.05 милијарди фунти.
Двата клуба имаа раст од над 10 отсто во споредба со претходната сезона, а „Визибл“ направија интересна споредба – тоа се доволно пари Националниот здравствен сервис (НХС), односно британското јавно здравство да се води 3 дена или да се плати за 22 нови средни училишта.
„Ова е неверојатно остварување за Премиер лигата, со кое се покажува исклучителниот успех во носење на средства преку скапите ТВ-договори“, вели Роџер Бел од „Визибл“.