Top Sport

Арсенал ќе го позајмат Мустафи на Рома?

Арсенал, најверојатно, најдоа нов дом за својот проблематичен дефанзивец Шкодран Мустафи, откако според „Ла газета дело спорт“, Рома се заинтересирани да го добијат Германецот на позајмица.

„Топчиите“ би биле пресреќни да се ослободат од Мустафи, кој минатата сезона направи големи киксови навлекувајќи го бесот на навивачите, а во исто време на „Емирати“ пристигна Давид Луиз од Челси, со што ги решија проблемите со одбраната.

Договорот би вклучувал опција за купување на Мустафи, за сума од околу 25 милиони евра.

Scroll to Top