Top Sport

Го раскинал договорот по седум дена бидејќи му било престудено во Шведска

Од Шведска доаѓа една неверојатна фудбалска приказна – напаѓачот од Сиера Леоне, Муса Ноа Камара го раскина договорот со Трелеборг по само една недела бидејќи му било престудено во оваа нордиска земја.

Клубот прво се пофали со договор на 3 и пол години со 19-годишниот Камара, но потоа потврди дека поради „лични причини“ тој решил да се врати во сопствената земја.

Камара пак за медиумите објави дека се враќа во Фритаун, клубот од Сиера Леоне, бидејќи едноставно не можел да се привикне на временските услови. Камара минатата сезона бил најдобар стрелец во првенството на Сиера Леоне со 15 голови, а со Ист Енд лајонс ја освои и титулата.

Scroll to Top