Арсенал најмногу од сè би сакале да можат да го продадат дефанзивецот Шкодран Мустафи ова лето, тврди порталот „Фудбал Лондон“.
26-годишниот германски интернационалец е кај „топчиите“ од летото 2016 година, кога дојде од Валенсија за сума од 35 милиони фунти, кога се сметаше дека тие направиле одлична зделка, посебно бидејќи се работеше за фудбалер кој стана светски шампион.
Меѓутоа, Мустафи немаше најдобри мечеви во северен Лондон, а навивачите посебно му замераат за импулсивноста, која добро се виде и на дербито со Тотенхем овој месец, кога тој непотребно го турна Хери Кејн во шестнаесетникот за пенал и израмнување.
Поради ова според „Фудбал Лондон“, иако Мустафи има 24 настапи во Премиер лигата оваа сезона, Арсенал ќе се обиде да го продаде 26-годишниот дефанзивец по инсистирање на менаџерот Унаи Емери.