Top Sport

Куртоа: Јас сум еден од најдобрите, но шпанскиот печат би ме убил!

Тибо Куртоа повторно е во центарот на (несаканото) внимание откако во четвртокот на мечот на Белгија против Русија направи глупава грешка по која Денис Черишев израмни, но на крајот „ѓаволите“ стигнаа до 3:1 победа.

Ова доаѓа откако по враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, тој го загуби стартното место од Кејлор Навас, и ја комплетира неимпресивната нецелосна сезона за поранешниот голман на Челси. Меѓутоа, Куртоа останува цврст и покрај критиките.

„Јас се сметам за еден од најдобрите голмани на светот, иако шпанскиот печат најмногу би сакал да ме убие. Се чувствувам силен и опуштен бидејќи знам дека тренирам и играм добро. Черишев ме удри со лакт и затоа не успеав да ја сопрам топката. Тоа беше мала грешка, но такви се случуваат во животот на голмените“, вели Куртоа.

Белгија победи и покрај „киксот“ на Куртоа, Хрватите со кам-бек против Азербејџан (видео)

Scroll to Top