Top Sport

Арсенал ќе плати 2 милиони евра за скаут

Тимот на Арсенал доби големо засилување од Борусија Дортмунд – Свен Мизлинтат, кој доаѓа на „Емирати“ за неколку дена, објави „Спорт билд“.

Меѓутоа, не се работи за фудбалер, ниту за тренер, туку за главен скаут на германскиот тим, кој сега ќе биде за мена за Стив Раули. Какви се квалитетите на Мизлинтат добро кажува што Баерн Минхен биле заинтересирани за неговите услуги, но Арсенал платил 2 милиони евра да го откупи договорот на Германецот, кој траел до 2021 година.

Ова се добри вести за фановите на „топчиите“, посебно во ситуација кога Алексис Санчез и Месут Озил се мета на шпекулации за заминување од тимот, бидејќи нивните договори траат само до летото.

Scroll to Top