Top Sport

Кондогбија со бомба за нова победа на Валенсија (видео)

Валенсија го задржа темпото со лидерите во Ла лига, Барселона, откако Жофри Кондогбија повторно стрелаше за најголемото изненадување во шпанската лига оваа сезона за заслужена 2:0 победа на гостувањето кај Еспањол.

Кондогбија, кој е играч на Интер, а дојде во Валенсија на „заем“ во 67. минута прифати топка од работ на шестнаесетникот за со одличен удар да го совлада голманот на Еспањол, Пау Лопез. Санти Мина во 89. минута го зголеми водството по незамислива грешка на одбраната на тимот од Барселона.

Валенсија е на второто место во Ла лига со четири поени помалку од Барселона, но и со шест поени пред двата мадридски тима, Реал и Атлетико.

Scroll to Top