Top Sport

Арсенал мора да продава – Белерин е прв на листата

ПСЖ до Арсенал испратиле понуда за трансфер на десниот бек Хектор Белерин. „Светците“ понудиле 28 милиони евра како обесштетување и 5,5 милиони евра низ разни бонуси.

Интерес за Шпанецот покажале и Баерн, односно Јувентус, но досега само ПСЖ испратиле конкретна понуда.

Белерин е под договор со Арсенал и во наредните три години, меѓутоа Микел Артета ќе мора да продава бидејќи досега веќе има потрошено 46 милиони евра за Пабло Мари од Фламенго и 28 милиони евра за Габриел Магањаеш.

Scroll to Top