Top Sport

Арсенал мора да работат на дисциплината во играта

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по елиминацијата од Лига купот, истакнал дека го загрижува недисциплината во неговиот тим. Арсенал последните три натпревари ги заврши со играч помалку на теренот.

Арсенал не успеа во реваншот да го изненади Ливерпул. Тимот на Јирген Клоп, победи во Лондон, со 2:0 и се пласираше во финалето. Црвен картон, во финишот доби Томас Парти. Арсенал и првиот меч го заврши со фудбалер помалку, на „Енфилд“, директен црвен картон доби Гранит Џака.

Парти на теренот влезе во 74.минута, првиот жолт картон го доби во 87., а вториот три минути подоцна.

„Последните три натпревари ги игравме со десетмина. На ова ниво е тешко да победувате со десет играчи. Ќе продолжиме да се бориме, но мора да работиме на дисциплината“, рекол Артета.

Од доаѓањето на Артета во Арсенал, дуелите на „тобџиите“, пред време ги завршиле 14 фудбалери, што е рекорд во Премиер лигата.

Scroll to Top