Top Sport

Арсенал му го раскина договорот на Пепе, фудбалер за кој платија 72 милиони фунти

Арсенал му го раскинаа договорот на Никола Пепе, крилото за кого платија 72 милиони фунти, по што тој најверојатно ќе потпише за турскиот Трабзонспор. Репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска пристигна во Лондон од Лил за рекорден договор во 2019 година, но си заминува бесплатно по само 27 гола во 111 настапи за „топчиите“.

28-годишниот Пепе, кој имаше уште една сезона од договорот со Арсенал, минатата сезона ја помина на позајмица во францускиот клуб Ница. Тој го освои ФА купот со „топчиите“ во 2020 година, асистирајќи на победничкиот гол при 2:1 триумфот над Челси.

„Сите во Арсенал му благодарат на Никола за неговите игри за нас и му посакуваме среќа во иднина“; се влие во соопштението на Арсенал.

Scroll to Top