Арсенал испрати список со натпревари на кои се оштетени на адресата на судиската организација во Премиер лигата (ПГМОЛ).
По поразот од 1:0 во Њукасл, кога во вториот Ентони Гордон постигна контроверзен гол, челниците на Арсенал решија дека треба да го кренат гласот, откако веднаш по натпреварот менаџерот Микел Артета се жалеше на судењето.
Како што објави „Дејли Мејл“, во меморандумот се наведува дека „играчите, тренерите и навивачите заслужуваат подобро судење“, и дека „ПГМОЛ итно треба да ги среди судиските стандарди“.
Покрај тоа што се жалеа на одлуката на судиите на мечот во Њукасл, тие наведоа и други примери каде биле оштетени.
Во февруари годинава на мечот со Брентфорд (1:1), судиите не ги извлекоа офсајд линиите за израмнувачкиот гол на Иван Тони.
Друг пример е поништениот гол на Габриел Мартинели во септември 2022 година на „Олд Трафорд“, во поразот од Манчестер Јунајтед со 3:1.
Тие наведуваат и дека оваа сезона Матео Ковачиќ од Манчестер сити не бил исклучен по стартот на Мартин Едеггард, додека воопшто не бил санкциониран ниту еден старт врз Деклан Рајс.
Арсенал во сабота го пречекува Барнли, а се уште не е познато кој ќе го води натпреварот.