Top Sport

Арсенал на Сити, Емери против Гвардиола на отворањето на сезоната

Унаи Емери, човекот што го наследи Арсен Венгер на клупата на Арсенал, ниту во своите најлоши сништа не можеше да очекува дека ќе добие толку тежок распоред на почетокот, на сезоната 2018/2019.

Дебито во Премиер лигата, како менаџер на Арсенал. Емери ќе го има против актуелниот шампион Манчестер сити на домашен терен, а во второто коло го очекува гостувањето кај големиот ривал од Лондон, Челси.

Премиер лигата денес го извлече распоредот за новата сезона, што ќе започне на 11.август. За разлика од Арсенал, останатите фаворити за висок пласман не би требало да имаат тешки задачи во првото коло.

Манчестер јунајтед ќе го пречека Лестер, Тотенхем ќе гостува во Њукасл, а Ливерпул ќе го пречека Вест Хем јунајтед.

1.коло Премиер лига, сезона 2018/2019:

Борнмут-Кардиф
Арсенал-Манчестер сити
Фулам-Кристал палас
Хадерсфилд-Челси
Ливерпул-Вест Хем јунајтед
Манчестер јунајтед-Лестер
Њукасл-Тотенхем
Саутемптон-Барнли
Вотфорд-Брајтон
Вулверхемптон-Евертон

Scroll to Top