Top Sport

Арсенал нашле купувач за Озил, но потоа го блокирале трансферот

Катарски клуб бил заинтересиран да го купи Месут Озил во последниот ден од зимскиот преоден рок, но Арсенал морале да го блокираат трансферот бидејќи немале време да најдат замена, тврди британскиот „Дејли мирор“.

Озил бил заинтересиран за понудата од клубот од Блискиот Исток, но на крајот менаџерот Микел Артета решил да го повлече трансферот бидејќи смета дека Германецот му е потребен во ловот на топ 4 пласман оваа сезона, посебно откако не успеаја во ловот на Дани Олмо (заврши во Лајпциг) и Јаник Караско (заврши во Атлетико Мадрид).

Озил е најплатениот фудбалер на Арсенал и полека се врати во првиот тим под Артета, откако беше „замрзнат“ со претходниот менаџер Унаи Емери. Тој нема постигнато гол оваа сезона и има само една асистенција во Премиер лигата.

Scroll to Top