Top Sport

Шефот на УФЦ сигурен: Подготвувајте се за Хабиб-Конор, втор дел

Конор Мекгрегор речиси сигурно ќе добие шанса за одмазда против Хабиб Нурмагомедов во текот на есента, тврди шефот на УФЦ, Дејна Вајт.

Мекгрегор имаше спектакуларен камбек во кафезот со нокаут од 40 секунди над Донал Серон во јануари, по што веднаш почнаа шпекулациите за втор меч со УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб, кој го победи во четири рунди во Лас Вегас во октомври 2018. Хабиб ќе ја брани титулата  против Тони Фергусон во Њујорк во април, по што се очекува да направи пауза за рамазанските празници.

„Хабиб и Тони ќе се борат во Њујорк, и Конор ќе оди на победникот. Тој вели дека не сака да чека толку долго. Причината поради која многумина го сакаат Конор е бидејќи тој секогаш е забавен и непредвилдив. Хабиб ќе паузира за рамазан, така што најверојатниот датум е септември или октомври“, вели Вајт за „ЕСПН“.

Нурмагомедов и неговиот тим постојано ја отфрлаат идејата дека ќе има римеч со Ирецот, откако неговиот татко и тренер, Абдулманап изјави дека ќе бидат потребни 100 милиони долари за римеч.

Scroll to Top