Top Sport

Арсенал не смета на Пепе

Челниците на Арсенал му порачаа на фудбалскиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Николас Пепе дека не сметаат на него оваа сезона.

Пепе (28) има договор со Арсенал до јуни следната година. Минатата сезона ја мина на позајмица во Ница.

Пепе неодамна имаше одлична понуда од клуб од Саудиска Арабија, но одлучи да остане во Арсенал.

Британските медиуми пишуваат дека управата на Арсенал е лута на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, а на Пепе му било кажано дека е подобро да ја прифати понудата од Саудиска Арабија отколку да седи на трибините цела сезона.

Тој има неделна плата од 170.000 евра. Пепе е член на Арсенал од 2019 година, а претходно играше за Лил, Орлеанс, Анже и Поатје.

Scroll to Top