Арсенал по пристигнувањето на Габриел Жесус од Манчестер сити, не завршија со летниот „шопинг“, откако се подготвени да ги купат Лукас Пакуета од Лил и Едон Жегрова од Лил, тврди францускиот „Медија фут“.
24-годишниот Пакуета, кој пристигна во Лион од Милан во 2020 за 20 милиони евра, повеќекратно си ја зголеми цената со импресивните игри во Франција, каде што лани имаше 11 гола во 44 меча. Тој чека понуда од „посилен“ тим, а Арсенал би можеле да го земат како алтернатива за Јури Тилеманс од Лестер.
23-годишниот косовски репрезентативец Жегрова, пак, е малку поизненадувачка опција за „топчиите“. Фудбалерот кој го нарекуваат „косовскиот Еден Азар“, пристигна во Лил од Базел во јануари.