Фудбалскиот клуб Арсенал со условите што го понудил нема шанси да дојде до играчот на Атлетико Мадрид Томас Парти. Репрезентативецот на Гана има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Арсенал нема пари да ја активира клаузулата во договорот на Парти. На Атлетико за неговите услуги им го понудиле Матео Гендузи и кеш. Од Мадрид експресно ја одбиле понудата. Извесно е дека фудбалеот ќе потпише нов договор со „јорганџиите“.
Бидејќи не можат да дојдат до Парти челниците на Арсенал ќе се обидат да го донесат Абдулај Дукуре од Вотфорд, кој реално е многу полесна мета. Вотфорд испаднаа од Премиер лигата и јасно е дека ќе останат без своите најдобри фудбалери.
Дукуре во Вотфорд пристигна во 2016 година од Рен, во Премиер лигата има одиграно 129 натпревари, на кои постигнал 17 голови.