Арсенал во финишот на сезоната го испушти четвртото место на табелата. Како сега стојат работите Арсенал и наредната сезона нема да играат во Лигата на шампионите. Сепак овој неуспех нема да им ги расипе плановите на клупските челници, во врската со планираните засилувања.
Списокот постои, приоритетите на „топчиите“ се јасни, а најнова желба е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Шпанските медиуми пишуваат дека Арсенал е заинтересиран за фудбалерот на Барселона Мемфис Депај (28).
Во првиот мандат, во Премиерлигата, не се прослави, на „Олд Трафорд“ мина две сезони, а потоа „процвета“ во Лион.
Тоа му даде можност да игра во Барселона, каде пружа релативно добри игри, но со доаѓањето на Чави, Холанѓанецот падна во втор план, што Арсенал би сакал да го искористи.
Наводно, клубот е подготвен да и понуди на Барса 45 милиони евра, што би било голема заработка за Каталонците кои го доведоа како слободен играч.
За статусот на Депај се заинтересирани и Евертон и Њукасл, Барса нема да ја пропушти можноста да заработи големи пари доколку пристигне добра понуда …