Арсенал загуби од Челси во трката за украинскиот крилен фудбалер Михаило Мудрик, но тоа нема да го спречи во намерата да обезбеди квалитетно засилување во нападот. „Топчиите“ се лидери на табелата во Премиерлигата и нова цел им е Душан Влаховиќ.
Арсенал подготви понуда до Јувентус вредна 80.000.000 евра за Душан Влаховиќ. На менаџерот Микел Артета му е потребен напаѓач, со оглед дека Габриел Жесус е повреден и го има на располагање единствено Еди Нкетија за таа позиција.
Влаховиќ се уште не се вратил во тимот на Јувентус по повтедата од Светското првенство во Катар. Тој за „старата дама“ одигра 25 натпревари и постигна 13 гола откако пристигна од Фиорентина.