Манчестер сити, Ливерпул и Арсенал постигнаа победи во 10. коло во Премиер лигата и покрај „незгодните“ моменти за трите фаворити.
Арсенал се вратија од гол негатива за 2:1 победа над Свонси на „Емирати“ во 800. меч на Арсен Венгер на чело на тимот. Но, ова е трет натпревар во низа (како против Евертон во саботата и против Норич во вторникот), во кој „топчиите“ губеа пред да стигнат до победат.
Сеад Колашинац израмни по шест минути во второто полувреме, пред Арон Ремзи да донесе победа со која Арсенал се на четвртото место, со само поен зад Тотенхем и Челси, кои играат подоцна.
Ливерпул утнаа пенал, но на крајот стигнаа до рутинска 3:0 победа над Хадерсфилд со головите на Стариџ, Фирмино и Вијналдум, додека Манчестер сити се вратија на првото место во лигата со 2:3 победа на гостувањето кај Вест Бромвич Албион.
Вест Хем на другата страна на табелата прими гол во 97. минута за Кристал Палас да извлечат 2:2 реми откако „чеканите“ водеа со 0:2.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 10. КОЛО
Арсенал – Свонси 2:1
Кристал Палас – Вест Хем2:2
Ливерпул – Хадерсфилд 3:0
Ватфорд – Стоук 0:1
ВБА – Манчестер сити 2:3