Top Sport

Арсенал почнуваат преговори со Кутињо

Арсенал се подготвени да почнат преговори со агентот на Филипе Кутињо за враќање на фудбалерот на Барселона во Премиер лигата, објавува францускиот „Ле 10 спорт“.

27-годишниот плејмејкер оваа сезона ја помина на позајмица во Баерн Минхен, но одамна се знаеше дека баварскиот гигант нема да плати 110 милиони евра за неговиот трансфер да биде постојан. Покрај тоа, тој има проблеми со опоравувањето од операцијата на скочниот зглоб и најверојатно нема да биде дел од натпреварите на Баерн во Бундеслигата.

Во Барселона пак, за Кутињо нема да има место и тие би сакале да вратат дел од огромните пари кои ги платија на Ливерпул за неговиот трансфер. Единствен проблем за тимот на Микел Артета ќе биде големата сума која ќе ја бараат Каталонците за трансфер, но тие се подготвени да се договорат и за позајмица.

Scroll to Top