Top Sport

Заморано: Барса не можат да си го приуштат Лаутаро

Барселона едноставно не може да си го приушти Лаутаро Мартинез, вели поранешниот напаѓач на Интер, Иван Заморано.

Аргентинецот стана прва цел на Барселона во летниот преоден рок, откако оваа сезона постигна 18 гола во 33 меча за Интер, но Заморано смета дека трансферот нема да се оствари поради финансиските проблеми кои ги има каталонскиот клуб.

„Се надевам дека Лаутаро ќе остане во Интер. Тој е млад, има само 22 години, додека Единсон Кавани е 11 години постар и има поголемо искуство. Сепак, пристигнувањето на Кавани не би требало да има врска со останувањето на Лаутаро. Барселона имаат јасни економски проблеми и затоа нема да потпишат со него“, вели Заморано.

Шпекулациите дека Мартинез е многу блиску до „Ноу Камп“, се зголемија откако Карлос Бланко, претседателто на Расинг, првиот клуб на Мартинез изјави дека договорот е „веќе склопен“.

Scroll to Top