Top Sport

Арсенал подготвени да срушат рекорди за да го добијат Деклан Рајс

Арсенал сметаат дека капитенот на Вест хем, Деклан Рајс треба да биде нивната прва цел во текот на летниот преоден рок и подготвени се да го срушат сопствениот рекорд за трансфер да го добијат, откако претходно Челси им ги „украде“ Жоао Феликс и Михајло Мудрик во зимскиот преоден рок, тврди британскиот „Тајмс“.

Тие биле сигурни дека можат да ги победат Челси за потписот на Рајс, и дека се подготвени за борба и со Манчестер јунајтед за талентираниот фудбалер од средниот ред. Договорот на Рајс со „чеканите“ завршува во 2024, но клубот има опција да го продолжи за уште една сезона.

„Топчиите“, кои оваа година изненадувачки имаат 8 поени предност на врвот на таблат во Премиерлигата, се подготвени да дадат 80 милиони фунти за 24-годишниот англиски репрезентативец, кој засега ги одбива понудите на Вест хем за продолжување на договорот.

Scroll to Top