Top Sport

Партизан како „воз“ преку МЗТ – пораз со 53 поени разлика!

МЗТ Скопје Аеродром доживеа вистински колапс на гостувањето кај Партизан во 15. коло во АБА-лигата губејќи со над 50 поени разлика (120:67) за 13-ти пораз во 15 меча и вистинска демонстрација на разликата во квалитетите на двата клуба.

Тимот на Жељко Обрадовиќ започна фуриозно, добивајќи ја првата четвртина со 14 поени разлика (29:15), по што Партизан не сопре до крајот, доминирајќи со над 70 отсто прецизност од поле, со леснотија полнејќи го кошот на македонскиот клуб. На полувремето разликата беше 20 поени (54:34), а во второто полувреме разликата само растеше.

Ален Смаилагиќ заврши со 24 поени за Партизан, Алекса Аврамовиќ додаде 16 поени, додека кај МЗТ, Мајкл Кефи и Дамјан Стојановски има по 14 поени.

МЗТ останува на дното на АБА-лигата со 2-13 скор, додека Партизан имаат 13-2 скор и се израмнети со Црвена звезда на врвот на табелата.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top