Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета потврди дека капитенот на тимот Мартин Едегор е тешко повреден.
Норвежанецот се повреди во Лигата на нации, во дресот на Норвешка против Австрија.
„Снимката покажа дека има оштетување особено на еден од лигаментите на коленото. Тоа е нешто што е големо… Ќе бидеме без него некое време“, изјави Артета.
Мартин Едегор е исклучително важен за Арсенал, тоа се почувствува против Тотенхем во последниот дуел, а ќе биде интересно да се види како без него ќе изгледа Арсенал против Манчестер Сити во недела.