Top Sport

Арсенал потроши најмногу, а купи најмалку во летниот преоден рок

До крајот на преодниот рок има уште 3 дена, а овој летен преоден рок сигурно е еден од најспектакуларнте во историјата на фудбалот.

Лео Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе, Ромелу Лукаку, Серхио Рамос, Мемфис Депај, Серхио Агуеро, Џанлуиџи Донарума, Рафаел Варан во ист преоден рок ги сменија клупските дресови со нови.

ПСЖ ова лето за 76 милиони евра „половина“ нов тим (Меси, Рамос, Хакими, Вајналдум, Донарума, Переира).

Манчестер Јунајтед потроши 150 милиони евра. Од нив 85 за Џејдон санчо, 40 за Рафаел Варан и 25 за Роналдо.

Манчестер Сити ова лето за нови играчи потроши 127,5 милиони евра. Само трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила чинеше 117,5 милиони евра.

Челси платија 115 милиони евра за Ромелу Лукаку.

И Барселона во време на криза одлично тргуваше. За само 9 милиони евра ги доведе Емерсон (Бетис), Депај (Лион), Агуеро и Ерик Гарсија (Манчестер Сити).

И додека конкурентите направија сјајни зделки и донесоа квалитетни засилувања, во овој преоден рок најмногу потроши лондонски Арсенал иако играчите што ги ангажираа „топчиите“ не се ниту од далеку на нивото на останатите кои направија трансфер летово.

Тимот предводен од Микел Артета летово потроши 147,5 милиони евра, од кои дури 58,5 за стоперот на Брајтон, Бен Вајт.

Мартин Одегард од Реал го купија за 35 милиони евра, а 28 милиони евра дадоа за голманот на Шефилд, Арон Рамсделј.

Од Андерлехт стигна Алберт Самби Локонга за 17.5 милиони евра, додека Нуњо Таварез од Бенфика дојде за 8 милиони евра.

Scroll to Top