Top Sport

Арсенал потврдија дека Обамејанг и Лаказет биле позитивни на КОВИД

Арсенал потврдија дека напаѓачите Пјер-Емерик Обамејанг и Александер Лаказет биле меѓу четирите позитивни во клубот пред првиот меч од Премиер лигата во петокот против Брентфорд.

„Топчиите“ беа без двајцата стандардни првотимци, а покрај нив позитивни биле и Бразилецот Вилијан, како и резервниот голман Алекс Рунарсон. И покрај болеста, Обамејанг ќе биде достапен за следниот меч против Челси во недела по негативниот тест во последната проверка.

Лаказет и Рунарсон ќе бидат исклучени од тимот, исто како и Вилијан, кого Арсенал се надеваат дека ќе го продадат пред крајот на преодниот рок. „Топчиите“ имаа најлош можен старт на сезоната со 2:0 поразот од Брентфорд.

Scroll to Top