По последниот меч од третото коло од ФА купот помеѓу Вулверхемптон и Ливерпул, беше оддржана ждрепката за четвртото коло, која ја одбележува големата пресметка меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед.
Арсенал е рекордер во ФА купот со 13 освоени титули, но веднаш зад нив се Јунајтед со 12 трофеи од најстарото фудбалско натпреварување на светот (кое се игра од сезоната 1871/72).
Манчестер сити го доби „соседот“ Барнли, додека Челси ќе го почека својот противник од преигрувањето на мечот Шефилд венсдеј-Лутон. Тотенхем ќе гостува кај лодонскиот ривал Кристал палас. Мечевите ќе се одиграат од 25 до 28 јануари.
ФА КУП, 4.КОЛО
Свонси – Гилингем
Вимблдон – Вест хем
Шрузбери/Стоук – Вулверхемптон
Милвол – Евертон
Брајтон – ВБА
Бристол – Болтон
Акрингтон – Дерби/Саутемптон
Донкастер – Олдхам
Челси – Шефилд венсдеј/Лутон
Њукасл – Блекбурн/Ватфорд
Мидлзборо – Њупорт
Манчестер сити – Барнли
Арсенал – Манчестер јунајтед
Барнет – Брентфорд
Портсмут – Квинс парк ренџерс
Кристал палас – Тотенхем
7 – @Arsenal have eliminated Man Utd from the FA Cup on more occasions than any other side in the competition (including final victories). Clash. #FACupDraw pic.twitter.com/vECSKmWrnI
— OptaJoe (@OptaJoe) January 7, 2019