Арсенал во завршницата спаси бод на „Емирати“ против Саутемптон играјќи 3:3, но на ова реми искрено се радуваат фудбалерите и фановите на Манчестер Сити кои сега се враќаат сериозно во трката за шампионската титула. Тимот на Микел Артета во судиското продолжение тргна и по победа, Леандро Тросар ја погоди стативата, а Саутемптон може да жали затоа што до 88.минута имаше водство од 1:3.
Арсенал е на врвот на табелата со 75 бода, пет повеќе од Манчестер Сити, но и два одиграни натпревари повеќе.
Карлос Алкараз по само 27 секунди и Тео Волкот во 14.минута го шокираа „Емирати“ за водство од 0:2, а намали Габриел Мартинели пред полувремето.
Во вториот дел, Чалета-Цар со удар со глава зголеми на 1:3 и се чинеше дека потонаа надежите на Арсенал.
Сепак, Мартин Одегард во 88.минута намали, а Букајо Сака две минути подоцна израмни на 3:3. Но, и ова реми носи горчина кај фудбалерите на Арсенал.