Top Sport

Арсенал се вклучува во трката за Мбапе?

Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе доби ултиматум од ПСЖ да потпише нов договор до крајот на јули или ќе биде продаден ова лето. Реал Мадрид е неговата дамнешна желба за нова дестинација, но медиумите на Островот откриваат дека тој не би имал ништо против да заигра и за Арсенал.

Британскиот „Индепендент“ објави дека Мбапе го претпочита Арсенал од англиските клубови, иако понуда се подготвува да испрати и Ливерпул.

Пари Сен Жермен за него ќе бара отштета од 200 милиони евра, а и годишната плата на Килијан Мбапе ќе биде големо оптоварување на буџетот за секој клуб. Но, со него во тимот Арсенал сигурно би бил можеби и прв фаворит за титулата.

Scroll to Top