Top Sport

„Арсенал со Артета можат да ја освојат титулата“

Арсен Венгер верува дека неговиот поранешен клуб Арсенал со Милел Артета на клупата може да ја освои титулата во Премиер лигата.

„Изгледа дека добро го контролира тимот. Играчите го следат, со него се. Клубот добро купуваше, потрошени се многу пари во последните две години. Искрено тоа за мене е изненадување. Артета има многу квалитетни фудбалери, можеме да ја освоиме титулата“, рекол Венгер.

Арсенал се четврти на табелата во Премиер лигата, во провте четири кола освоија девет поени. Во наредната рунда Арсенал ќе гостуваат кај Манчестер сити.

Scroll to Top