Арсенал стигна до убедлива 3:0 победа над Стоук сити, со голови постигнати во последните 15 минути благодарение на двата пенали кои им ги досуди судијата Крег Посон.
Тимот на Арсен Венгер не успеа да го скрши отпорот на Стоук, кој грчевито се бори за опстанок во првото полувреме, иако имаше многу шанси пред голот на Џек Бутланд.
Тогаш дојде првиот пенал – Месут Озил беше соборен во шестнаесетникот, а Пјер-Емерик Обамејанг беше сигурен од белата точка. Победата беше обезбедена со вториот гол на Габонецот во 86. минута, за само три минути подоцна да се досуди нов пенал за Арсенал, кој сигурно го реализираше Александер Лаказет.
Со победата, Арсенал остана шести со пет поени помалку од Челси, кои подоцна играат со Тотенхем, додека Стоук се на претпоследното место на табелата со 27 поени, три поени од „безбедната“ зона.