Фаворитите Шкендија и Вардар не успеаја да постигнат голови и мораа да се задоволат со реми без голови кај нископласираните ривали – Шкендија беше „сопрена“ од последнопласираниот Скопје, додека Вардар во тоа што еднаш беше големо дерби одигра без голови на гости кај Пелистер.

Пред неколку илјади гледачи на „Тумбе кафе“, Вардар беше поактивен противник и имаше повеќе шанси, посебно во второто полувреме, кога Максимов го погоди дирекот, но на крајот голманите немаа многу работа.

Скопје пак, успеа да остане непоразен против лидерот Шкендија за да ги зголеми малите шанси за опстанок во Првата лига. Тимот од Автокоманда сега е на 21 поени, четири поени зад Победа, кои се на местото кое носат во плеј-офот за опстанок.

Работнички и Академија Пандев одиграа реми 1:1 во Скопје, по кое тимот од Струмица остана на еден поен пред „романтичарите“, додека Ренова ја зголеми мизеријата на Шкупи во пролетниот дел со 3:1 победа.

ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО

Скопје – Шкендија 0:0

Пелистер – Вардар 0:0

Работнички – Академија Пандев 1:1

Ренова – Шкупи 3:1

Силекс – Победа 1:0

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 63, 2.Вардар 47, 3.Силекс 39, 4.Академија Пандев 30, Работнички 29, 6.Шкупи 29, 7.Ренова 28, 8.Победа 25, 9.Пелистер 23, 10.Скопје 21.

Фото: ФК Вардар