Top Sport

Арсенал со сигурна победа над Лацио, Џирона го посрамоти Тотенхем (видео)

Арсенал со 2:0 го победи тимот на Лацио во контролен меч во Стокхолм, пред стартот на сезоната од Премиер лигата, додека ривалите од северен Лондон, Тотенхем доживеаја незгоден пораз од 4:1 од Џирона во Шпанија.

Рајс Нелсон во 18. минута го постигна првиот гол за „топчиите“, по што и Лацио се заканија преку Фелипе Каиседо, кој имаше одличен удар со полу-волеј. Сепак, тимот на Унаи Емери беше поактивен во нападот, со Алекс Ивоби, Еди Нкетија и Нелсон во нападот. Пјер-Емерик Обамејанг во 64. минута постигна уште еден гол за „топчиите“ да добијат нова победа по таа на пенали над Челси во Интернационалниот куп на шампиони.

 

Тотенхем немаа толку среќа на гостувањето во Каталонија, иако први дојдоа во водство со гол од слободен удар на Лукас Моура во 13. минута. Џирона, тим кој лани ја играше својата прва прволигашка сезона во историјата, се врати во 22. минута преку Хуанпе, пред во 34. минута, Лозано да направи комплетен пресврт.

Второто полувреме беше „ужасно“ за Спарси, откако Порту во 53. минута и Гарсија во 61. минута постигнаа голови за меч за заборав на Тотенхем.

Scroll to Top